Овој одговор изненади многумина – Белата куќа без влакна на јазикот за случајот Ѓоковиќ: “ПРАВИЛАТА ВАЖАТ ЗА СИТЕ!“

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ не може да учествува на Мастерсот во Индијан Велс, бидејќи не е вакциниран против вирусот Ковид-19, а како што сега стојат работите, минимални се шансите да го видиме српскиот ас во Мајами.

Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис направи се за да му дозволи на Новак да влезе во САД, но неговите напори не вродија со плод.

За оваа актуелна ситуација се разговараше и во Белата куќа, а некои новинари ова прашање и го поставија на портпаролката на Белата куќаКарин Жан-Пјер.

Значи, во врска со условната вакцинација, би ве упатил до ЦДЦ (Национален центар за контрола и превенција на болести). Тие се оние кои се занимаваат со тоа. Сè уште е во сила и очекуваме сите да ги следат правилата на нашата земја, без разлика дали се учесници или гледачи. Но, повторно, ова е нешто за што одлучува ЦДЦ“, одговори на новинарско прашање Карин Жан-Пјер.

Карин Жан-ПјерНовак ЃоковиќСАДтенисФлорида