Островот Хашима, на околу 15 километри од центарот на Нагасаки, има проблематично и темно минато.
Познат е по прекарот „Линеен брод“ (поради неговата форма) и подводните рудници за јаглен кои работеа за време на индустријализацијата на Јапонија.
Јагленот првпат бил откриен околу 1810 година, а островот од шест хектари бил „пренаселен“ од 1887 до 1974 година.
На својот врв во 1959 година, имаше преку 5.200 жители, од кои многумина беа воени заробеници, известува LadBible.
Но, да се вратиме во минатото. Групацијата Mitsubishi ги купи гореспоменатите рудници во 1890 година за да обезбеди гориво за растечката бродоградежна индустрија.
Компанијата изгради станови, болница, училиште, театар и други објекти за рударите и нивните семејства.
Рударите имаа тешка задача – секој ден се спуштаа 900 метри под површината на морето за да извлечат јаглен и на температури над 37 Целзиусови степени, пренесува Business Insider.
Од 1930-тите до крајот на Втората светска војна, рударите страдаа од несреќи, исцрпеност и неухранетост.
Чест убиец беше респираторната болест предизвикана од мешавината на морски воздух и рударски испарувања.
Кога јагленот „исуши“ во 1974-тите, луѓето се оддалечија и оттогаш островот е празен. Напуштените станбени згради и други згради и денес се видливи.
Хашима се отвори за јавноста во 2009 година и брзо се здоби со статус на светска атракција. Се организираат туристички тури, каде се посетуваат локации од филмот за Џејмс Бонд „Skyfall“.