Манекенката Ирина Шајк го привлече вниманието на легендарниот НФЛ играч Том Брејди. Сепак, тој не е заинтересиран за неа.
Според американските медиуми, и двајцата присуствувале на свадбата на Медисон Хедрик и Џо Нахмад на Сардинија минатата недела. На свадбата беа поканети и многу други ВИП ѕвезди, меѓу кои Леонардо Ди Каприо, Серена и Венус Вилијамс, Дејвид Грутман, Сајмон де Пури и многу други.
„Ирина го следеше Том насекаде цел викенд и јасно стави до знаење дека го сака“, изјави извор за магазинот Sports Illustrated. Том му рекол на пријателот дека не сака врска со неа.
Тој се разведе од Жизел Бундхен минатиот октомври. Со неа тој го доби синот Бенџамин Реин и ќерката Вивијан Лејк. Со Бриџит Мојнахан има син Едвард Томас.
Во 2019 година, Ирина раскина со Бредли Купер, со кого ја има ќерката Леа. Медиумите минатата година ја поврзаа со Канје Вест, но нивната врска беше краткотрајна.