Многу луѓе посегнуваат по скапи здравствени пијалоци за да го подобрат здравјето на цревата и да ја намалат надуеноста
Сепак, лекарот од Националната здравствена служба (NHS), д-р Каран Раџан, тврди дека истиот ефект можеме да го постигнеме и со домашно решение.
Во видеото на TikTok, тој сподели едноставен рецепт за природен „велнес пијалок“ кој не само што е поевтин, туку содржи клучни состојки кои го поддржуваат дигестивното здравје.
Според него, овој пијалок „може да го подобри балансот на цревната флора, да го намали воспалението и да ги олесни дигестивните проблеми“.
Основните состојки се агрумите, како што се лимоните или портокалите, кои содржат пектин – растворливи влакна кои делуваат како пребиотик и ги храни цревните бактерии. Покрај тоа, тие се богати со флавоноиди, кои го намалуваат воспалението и витамин Ц, кој е неопходен за одржување на здрава цревна слузница.
Следната состојка е ѓумбирот, кој содржи гинџероли – соединенија кои му помагаат на желудникот да се испразни побрзо. Д-р Рајан истакнува дека ѓумбирот има силни антиоксидантни и антиинфламаторни својства и може да ги ублажи мачнините, артритисот и болката. Исто така го подобрува варењето, а со тоа го намалува ризикот од надуеност.
“За да го подобрите ефектот, додадете црн пипер и куркума. Овие зачини делуваат синергистички – пиперинската соединение во црниот пипер ја зголемува апсорпцијата на куркуминот од куркумата”, советува докторот.
Клучната состојка е маслиновото масло, кое, според д-р Рајан, помага за подобра апсорпција на активните соединенија бидејќи се растворливи во масти. Покрај тоа, маслиновото масло е богато со полифеноли кои делуваат како пребиотик. За подобар вкус докторот додава малку мед кој ја намалува киселоста на напитокот и листовите нане кои ги смируваат дигестивните нарушувања.
Сите состојки – лимон или портокал, ѓумбир, црн пипер, куркума, маслиново масло, мед и нане – се ставаат во блендер, се додава вода по желба и се блендира додека не се добие мазна смеса.
Добиениот пијалок не само што е лесен за подготовка, туку обезбедува и бројни придобивки за варењето и целокупното здравје, што го прави одличен додаток во вашата дневна рутина.