Ако секоја вечер гледате во телефонот додека лежите покрај партнерот, постои можност да имате голем проблем.
Имено, станува збор за фабинг – нова болест на партнерските односи, предупредува брачниот советник Небојша Савиќ.
Како што објасни брачниот советник Небојша Савиќ, фабингот станува проблем за кој брачните двојки се почесто се обраќаат кај стручњак.
– Кога луѓето доаѓаат на советување, обично велат: „Би сакал партнерот да ме слуша без да гледа во телефонот“. Фабингот не е добар за комуникација и лошо влијае на партнерските односи, бидејќи партнерите понекогаш имаат впечаток дека се натпреваруваат со мобилниот телефон.
Едно од решенијата е да се создадат таканаречени телефонски зони, што би значело, телефонот да не се внесува во спалната соба, рече Савиќ.
– Како што објаснува, комуникацијата е столбот на секоја врска, а фабингот директно влијае на најважната ставка во секое партнерство.
– Ничиј примарен проблем не е мобилниот, туку комуникацијата. Таа е најважна во врската, а фабингот е опасен бидејќи тоа влијае на неа. Кога немаме добра комуникација, тогаш се одвојуваме еден од друг. Луѓето треба да се поврзуваат на вистински начин, а не со телефон – вели Савиќ.
Инфлуенсерката Драгана Дукулев вели дека таа и нејзиниот партнер нашле компромис кога е во прашање фабингот. Имено, тие заедно ги прелистуваат социјалните мрежи.
– Поминувам многу време на телефон, мене тоа ми е работа, но се трудам да одвојам време и за партнерот и за себе. Мислам дека почесто успевам да го оставам телефонот дома отколку во јавност. Што се однесува до фабингот, најдовме компромис – заедно гледаме што има на социјалните мрежи, рече Дукулев.