Лука Пфердменгес (22) досега посетил 190 земји во светот и на социјалните мрежи ги споделил своите впечатоци од тие патувања.
Лука Пфердменгес, млад човек од Германија, од својата 15-та година патува низ светот. Своите искуства ги споделува на социјалните мрежи каде има многу следбеници.
@thegermantravelguy Exploring LAGOS, NIGERIA😱🇳🇬 #travel #nigeria #lagos #adventure #traveltiktok #everycountry #africa #fypシ ♬ original sound – Luca Pferdmenges
Зборувајќи за земји кои не ги сакал, тој издвоил неколку.
– Според мене, Египет е најтешката земја за туристите – рече Лука.
– Покрај Египет, не ги сакав Франција, Малдиви, Маурициус, Сејшели, поголемиот дел од Карибите. Тие често се многу туристички ориентирани и немаат што да понудат освен прекрасни плажи. Карибите се преценети – додаде тој.
Лука ги пофали земјите кои многумина често ги занемаруваат.
– Ми се допадна Узбекистан и некои други земји од Централна Азија и балтичкиот регион, како и повеќето земји од Латинска Америка – изјави Лука.
@thegermantravelguy Estoy en MÉXICO🇲🇽😍 otra vez✈️ #viaje #mexico #cdmx #traveltiktok #fypシ ♬ original sound – Luca Pferdmenges
По посетата на толку многу земји, Лука ги има своите омилени и најмалку омилени дестинации.
Тој ја издвои Белгија и рече дека нема да се врати таму наскоро.
– Навечер изгледа многу небезбедно, барем во Брисел. И многу белгиски градови се прилично грди. Сива и депресивна, особено во зима – рече тој.
Ги откри и омилените дестинации.
– Моите омилени места – без посебен редослед се: Мексико, Бразил, Израел, Шпанија, Бутан, Велика Британија, ОАЕ, Португалија, Австрија – заклучил Лука, пренесува Дејли Мејл.