Голем број лекари предупредија на помалку познат симптом на рак што можеме да го видиме на нашата постелнина наутро.
Според експертите и научниците, ако постелнината ни е натопена со пот, тоа може да биде предупредувачки знак дека нешто не е во ред.
Многумина од нас се потат ноќе, особено во летните месеци. На ова може да влијае собната температура, ако го делиме креветот со партнерот и други фактори. Меѓутоа, ако постелнината ни е редовно натопена со пот, тоа може да биде знак за рак, тврдат експертите.
„Повеќето луѓе се потат во текот на ноќта, но ако редовно се будите со влажни чаршафи, треба да посетите лекар. Ноќното потење е кога се потите толку многу што ноќните алишта и чаршафи ви се влажни, иако местото каде што спиете е ладно. “, објаснуваат научниците од Националната здравствена служба (NHS), пренесува Daily Express.
Доколку потењето е поинтензивно од вообичаено, не треба да го игнорираме
На својата веб-страница, Cancer Research UK наведува „прекумерно ноќно потење“ како еден од вообичаените знаци на рак. Се додава дека тоа може да биде и несакан ефект на лекови или помали болести.
Добротворната организација истакнува: „Ноќното потење или високата температура (треска) може да бидат предизвикани од инфекции или несакани ефекти на одредени лекови. Тие често ги доживуваат жените околу времето на менопаузата.
Според NHS, постојат некои видови на рак кои можат да предизвикаат да се потите повеќе, тие вклучуваат:
Леукемију
Мезотелиом
Рак костију
Рак простата
Рак бубрега
Потењето во текот на ноќта не е чудно, особено во лето, но доколку е поинтензивно од порано, не треба да се игнорира.