Овој тип на кафе содржи опасни хемикалии, поголеми количини може да предизвикаат сериозни болести

Секој ден во светот се пијат повеќе од две милијарди шолји кафе. Овој заживувачки пијалок има голем број здравствени придобивки, но еден вид кафе е поврзан и со зголемен ризик од развој на малигнитет.

Инстант кафето е многу популарно бидејќи најлесно се подготвува, но експертите предупредуваат дека прекумерното внесување на овој вид кафе може да го зголеми ризикот од развој на одредени видови на рак. Причината зошто овој пијалок со кофеин е потенцијално опасен по здравјето лежи во неговиот состав, односно во хемиската супстанција акриламид, која се формира кога зрната кафе се загреваат на високи температури.

Лабораториските тестови на животни открија дека акриламидот е еден од предизвикувачите за развој на рак на белите дробови, како и рак на репродуктивните органи, поради што научниците ја класифицираа оваа хемиска супстанција како потенцијално опасна за луѓето. Предупредувањето го издаде дури и Меѓународната агенција за истражување на ракот, пишува Daily Mail.

Ако пиете умерено, ризикот постои, но тој е помал

Истражувањата покажаа дека една порција инстант кафе содржи двојно повеќе акриламид од обичното мелено кафе. Но, за постоењето на оваа супстанца да има драматично влијание врз здравјето, човекот треба да пие околу 10 шолји кафе дневно, што тешко дека ќе се случи во секојдневниот живот.

Во исто време, инстант кафето содржи и големо количество антиоксиданси, кои ги штитат клетките од оштетување, како и меланоидини, кои ја подобруваат разновидноста на корисните бактерии во дигестивниот тракт, а со тоа и позитивно влијаат на заштитата од разни болести.

Овие два вида кафе се најздрави

Од друга страна, двата најздрави типа на кафе, според експертите се еспресо и филтер кафе. Кафето еспресо се покажало како одличен стимулатор на мозочната активност и е поврзано со намалување на ризикот од развој на Алцхајмерова болест, додека филтер кафето е многу ефикасно за намалување на ризикот од развој на атеросклероза.

Научниците откриле и дека кофеинот, кој е главната состојка на кафето, ги намалува воспалителните процеси во организмот и ја забавува смртта на мозочните клетки, а со додавање на одредени зачини може да биде добар сојузник во борбата против вишокот килограми. . Секако, треба да се грижите за внесувањето на кафе во организмот, иако големите количини може да доведат до анксиозност, главоболки и несоница.