Овој утрински пијалок е уште појак од кафето! Веднаш ќе ве разбуди, но и ќе ви го исчисти целото тело!

Многу е важно денот да го започнете со здрава утринска напивка.

Доколку сакате брзо да го детоксирате вашето тело, овој напиток е се што ви треба. Наместо добро познатото утринско кафе , испијте пијалок од ѓумбир и лимон наутро и ќе почувствувате огромно олеснување. 

Напиток од ѓумбир и лимон 

Покрај тоа што е многу вкусен, овој напиток  е многу брз и лесен за правење, а идеален е за детоксикација и утринско будење. 

Ѓумбирот е моќен антиоксиданс и одличен е за детоксикација на организмот, а помага и при гасови и го забрзува варењето. Додека лимонот има диуретично дејство кое го поттикнува ослободувањето на токсините од телото, што го прави идеален за време на диета. 

Состојки: 

– 3 dlc вода,

– половина лимон, 

– 1 см корен од ѓумбир

Подготовка:

Во 3 dcl вода додадете половина лимон и 1 cm корен од ѓумбир. Сето тоа измешајте го и оставете да отстои десетина минути на собна температура. После тоа испијте го пијалокот, најдобро би било одеднаш, ако не го оставите за подоцна. 

Овој напиток може да послужи како детоксикација и подготовка за диета, но и како здрава утринска голтка која ќе ви помогне да го исчистите телото од насобраните токсини.