Овој хороскопски знак е најлошиот партнер: Лаже и манипулира – ќе ви го загорчи животот!

Кога зборуваме за тоа кој знак ги поседува најкомплицираните особини, тоа е дефинитивно Шкорпијата. Ова особено се однесува на нивната љубвна но и партнерската врска.

Шкорпијата е фиксен воден знак кој е премногу емотивен, а од друга страна, неговата фиксност не ѝ дозволува лесно да се менува и прилагодува, особено во изразувањето на емоциите.

Ова е партнер кој секогаш молчи и никогаш не сака да ги изразува и покажува своите емоции. Овој знак уште од мали нозе е научен да биде повлечен и резервиран, што важи и за неговиот партнерски однос. Значи, Шкорпијата е една од оние луѓе кои знаат да му го загорчат животот на партнерот поради молчењето, повлекувањето во себе, негодувањето на партнерот доколку тој се однесува поинаку или отворено ги покажува своите емоции.

Шкорпиите се и многу љубоморни луѓе, што исто така многу лошо се одразува на партнерскиот однос, а тоа е една од причините за прекин на врската или бракот.

Многу изразена особина која всушност им е маана е нивната потреба да имаат контрола над сè што се случува во животот на партнерот. Тоа може да се претвори во многу сериозна патологија, која го доведува партнерот во ситуација да се чувствува лошо и постојано да се оправдува.