ОВОЈ ЧОВЕК Е НЕУНИШТЛИВ: Хари Мегваер го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до 2026 година

Англискиот фудбалер Хари Мегваер го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до јуни 2026 година, соопшти менаџерот на клубот од „Олд Трафорд“, Рубен Аморим.

Мегваер (31) имаше договор со Манчестер Јунајтед до јуни оваа година. Тој пристигна во Јунајтед во 2019 година од Лестер, а за тимот од Манчестер одигра 222 натпревари и постигна 12 гола.

Пред Манчестер Јунајтед и Лестер, Мегваер играше за Виган, Хал и Шефилд Јунајтед. За репрезентацијата на Англија настапи на 64 натпревари и седум пати се запиша во листата на стрелци.    

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во недела ќе гостуваат кај Ливерпул во натпреварот од 20. коло на англиската Премиер лига.