Повреден постар маж во судир на овчари во Босна и Херцеговина!
Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува жестока пресметка меѓу две групи овчари кои наводно се борат за меѓа.
– Ми ја скршија ногата! О, мој боже- плаче постариот овчар кој откако го удриле, лежи неподвижен на земја и не може да стане.
Еден од нив брка група овчари со стапови и вика дека земјата на која пасе големо стадо овци е негова.
– Имаш нож во рацете – се слуша во еден момент.
Засега не се знае точно каде е направена снимката.