Ограбена аптека во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека е ограбена аптека во централното подрачје на градот Скопјe.

Разбојникот понел со себе значителен дел од дневниот промет.

„Министерството за внатрешни работи доби известување дека на 17/18.10.2025 година, во аптека во подрачјето на Центар, едно лице влегло во објектот со употреба на физичка сила и соодветен алат и одзело пари од касата“, се наведува во известувањето.

Се преземаат мерки за расветлување на случајот.