Филијала на банка на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје денеска претпладне е ограбена од едно лице кое со закана со пиштол одзело пари.
Како што информира Министерството за внатрешни работи грабежот е пријавен во СВР Скопје во 11:25 часот.
- Денеска (04.06.2024) во 11:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во филијала на една банка на бул.„Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје, едно лице со закана со пиштол од вработените одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението од МВР.