Огромен транспарент за Путин! Литванија му испрати порака на рускиот претседател по налогот за апсење (ФОТО)

Рускиот претседател е обвинет за воени злосторства од страна на Меѓународниот кривичен суд во Хаг.

Литванија испрати силна порака до рускиот претседател Владимир Путин, откако Меѓународниот суд на правдата во Хаг издаде налог за негово апсење.

Министерството за надворешни работи на оваа земја на Твитер објави фотографија од транспарент кој е поставен во главниот град на Литванија, Вилнус, на кој пишува:

„ПУТИН, ХАГ ТЕ ЧЕКА“.

Во март минатата година, градоначалникот на Вилнус, Ремигиус Симасиус, ја напиша истата порака со спреј во боја на улицата пред руската амбасада во градот, пишува Sky News.

Да потсетиме, во петокот Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налог за апсење на рускиот претседател Путин за воени злосторства.

Депортација на деца од Украина?

Издадени се два налози за апсење – против Путин и рускиот комесар за правата на децата, Марија Лвова-Белова. Правната пријава гласи: „воени злосторства“. Поточно, станува збор за депортација на деца од Украина во Русија, која наводно се вршела од февруари 2022 година.

Судот тврди дека има доволно причини дека самиот Путин е кривично и правно одговорен за гореспоменатите дела. Во мај, рускиот претседател потпиша декрет со кој се овозможува побрзо давање државјанство на украинските деца во Русија. Освен тоа, Путин, како што е наведено во налогот за апсење, не влијаел врз неговите цивилни и воени подредени да ги одвратат од извршување воени злосторства.