Легендарниот фудбалер Салиф Кеита, првиот африкански освојувач на Златна топка во историјата, почина на 77-годишна возраст.
Веста за неговата смрт ја пренесоа светските медиуми, но и Олимпик од Марсеј, еден од клубовите каде настапуваше Салиф Кеита.
Фудбалерот од Мали играше како центарфор, а најголемиот дел од кариерата го мина во Франција.
Освен за Олимпик, тој играше и за Сент Етјен, со кој освои пет последователни титули од 1967 до 1972 година.
Поради неговите фантастични игри во 1970 година, тој ја освои првата Златна топка доделена на „црниот континент“.