Објавените хакирани документи на американските разузнавачки служби од Пентагон покажуваат дека до 354.000 украински и руски војници се убиени или повредени од почетокот на војната во Украина во целосен обем, објави медиумската агенција Reuters на 12. април која има увид во документите.
Според Reuters, во документите се наведува дека меѓу 15.500 и 17.500 украински војници загинале, а 109.000 до 113.500 војници биле ранети во акција.
Се верува дека Русија има 35.500-43.000 убиени војници во акција и 154.000-180.000 ранети, објави Reuters.
Ниту украинската ниту руската армија не дадоа јасни информации за бројот на жртвите досега во војната која трае повеќе од една година.
Според Генералштабот на вооружените сили на Украина, Русија загубила 180.050 војници во Украина од почетокот на нејзината целосна инвазија на 24. февруари минатата година.
Документите цитирани од Reuters, исто така, покажуваат дека претставниците на американските разузнавачки служби веруваат дека војната има потенцијал да се одолговлекува низ цела 2023 година, имајќи предвид дека и украинските и руските сили се сметаат за „уморни“.
Документите се дел од големото доверливо досие на американската војска и разузнавање кое прво се појави на социјалната мрежа Дискорд (Discord). По објавувањето во јавноста од хакерска група или поединец, Пентагон соопшти дека започнал истрага за изворот на истекувањето.
Министерот за одбрана на Украина, Алексеј Резников зборуваше за објавените разузнавачки информации за време на посетата на Шпанија на 12. април, признавајќи дека тие содржеле „мешавина“ од вистинити и лажни информации. Сепак, според Министерот, вистинските информации се веќе застарени.