На Немања му е многу тешко што неговата избраничка е во ваква состојба!
Младата музичка ѕвезда и ќерка на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ, го загуби своето бебе само неколку недели откако јавноста информираше дека е во блажена состојба, а сега најблиските наводно не можат да ја извлечат од депресија. Тажната вест на Инстаграм ја објави нејзиното момче Немања Гудељ кој во тешките моменти ги замоли сите да ја почитуваат нивната приватност, а не се одвојува од Анастасија, која секој ден инсистира да се врати во Белград за да биде со мајка си и останатите роднини.
Анастасија е надвор од себе откако дозна дека го изгубила бебето. Нормално е да се чувствува така, сите се свесни дека и треба време да соземе и пак да се подигне, но едвај зборува. Немања е постојано со неа, се обидува да ја однесе некаде во природа да разговара за се, но таа не излегува од собата. Се повлеќе и само повторува: „Кога ќе можам да го фатам првиот лет за Белград“ – ја раскажува приказната добро упатен извор и сепак открива дека на Анастасија сега најмногу и е потребна поддршката од најблиските:
Анастасија беше одвоена од семејството и пред и за време на бременоста. Сега никој не ги ни спомнува документите што морала да ги чека за да остане таму. Сето тоа сега ѝ е неважно. Таа сега сака да биде блиску до мајка и, брат и и тетка и. Таа е многу приврзана за децата на Вељко, зборува само како сака да ги прегрне, а Гудељ тешко го слуша сето тоа. Цело време ги гледа преку видео повик. Она што сега најмногу го плаши Немања е тоа што Анастасија слабо се храни, цело време е во депресија, па и тој откажа многу обврски. И нему му е тешко, но не го покажува тоа, се труди да остане силен и заради неа, се труди што помалку информации да одат во јавноста.
Инаку, тажната вест го начека спортистот непосредно пред големиот меч во кариерата, пред финалето на Лига Европа во кое Севиља игра против Рома. Од друга страна, Анастасија веднаш го затвори својот Инстаграм профил и планира на одредено време целосно да се повлече од јавноста.
Во оваа прилика новинарите се обидоа да стапат во контакт со Ражнатовиќ, но таа не одговараше на повиците.
Цеца ја користи секоја прилика да и објасни на Анастасија дека не треба да избрзува со одлуките и дека е нормално да се чувствува депресивно, па затоа се обидува да ја убеди да не доаѓа уште во Белград.
– Цеца и Анастасија нон-стоп се на видео повик. Таа бара да ги покаже своите братучеди, разговара со сите во куќата и ги повикува повторно да дојдат во Шпанија. Цеца и вели на ќерката дека се ќе се реши, дека такви работи се случуваат и дека е нормално да тагува, но не смее да слабее толку многу за да не си го загрозува здравјето бидејќи одбива да јаде – открил извор за „Република“ .