Креативниот директор на Гранд продукција Саша Поповиќ извесно време отсуствува од снимањето, но и од јавноста и медиумите поради лошата здравствена состојба.
Сега за неговата состојба проговори неговиот соработник и пријател, водителот Зоран Пејиќ Пеја, кој откри дека Поповиќ е голем борец.
– Му се молам на Бога Саша да го надмине ова. Тој е голем борец и голем човек и заслужи да победи сето тоа. Се подобрува, многу е бавно, но е достижно – почна Пеја, а потоа откри како се држи Поповиќ:
– Феноменално се држи. Свесен е што треба да прави, и го прави тоа. Тој патува, оди во Франција, па доаѓа дома. Овде има и прегледи, тука има и лекари кои се грижат за него. Сега тој е фокусиран на своето здравје. Сите контакти во врска со „Гранд“ ги остварува телефонски и дава директиви бидејќи сè уште е музички магионичар и сето тоа без него не би било тоа што е – истакнува водителот.
Пеја ја коментираше и сопругата на Поповиќ, пејачката Сузана Јовановиќ, која му е неизмерна поддршка и во добри и во тешки времиња.
– Сузана е борец, постојано е до него. Таа е покрај него 24 часа, додека тој спие, таа го чува. Таа се грижи за него, го вози. Тој е под нејзина контрола, таа е голем борец и голема лавица и ѝ симнувам капа за сета љубов. Сето тоа е нормално, тие се долго време во брак и немаа никаков стрес во бракот, уживаа – рече Зоран и додаде дека смета дека стресот е најголемиот предизвикувач на болести во модерното време.
– Сите болести доаѓаат од стресот, па веројатно и нему му се случило. Оперирав крвни садови. Мојата работа е исто така стресна. Од седум дена во неделата, шест бев на пат. Седмиот ден доаѓам само да ја снимам емисијата и потоа пак исто. Цирих, Милано, Париз, Виена, доцнам во авион, па од аеродром до аеродром. Не патував за туризам, туку за работа, па понекогаш не го ни гледам градот во кој сум бил. Спиеш на куфер, јадеш што имаш… Сето тоа е заморно и стресно – заклучил Пеја за „Свет“.