Лавина реакции и коментари предизвика веста дека Никола Јокиќ најверојатно нема да игра за репрезентацијата на Србија на Мундијалот.
Во текот на утрешниот ден ќе биде објавен поширокиот список за Мундобаскетот, а на него најверојатно нема да стои името на шампионот во НБА .
Граѓаните на Србија се целосно разочарани од ваквиот развој на ситуацијата, бидејќи очигледно очекувале поинаква одлука од Сомборецот.
Голем број коментари се појавија на веста дека Јокиќ летово донел одлука да ги пропушти обврските во репрезентацијата.
„А вие момци станувате во четири наутро за да го гледате и да го бодрите“.
„Човек има обврски на хиподром“.
„Никола Џок. Оди мајсторе, играј за Американците. Земи ги коњите со себе“.
Јас сум будала што станав да те леднам. Чао, здраво, засекогаш. Штимац е крал за тебе…”.
„Дали некој очекуваше поинаков исход?“.
„Јас навистина не сум хејтер, секоја чест за ова момче за се, но ова навистина ме мачи. Некогаш, луѓе, беше сериозна чест да се игра за репрезентацијата. Не знам… Ова кажува многу за него.
Ова се само дел од коментарите на разочараните навивачи на српската репрезентација.
Да потсетиме, Никола Јокиќ настапуваше за репрезентацијата на Србија на Олимписките игри 2016 во Рио де Жанеиро и се закити со сребрен медал. Тоа е прво големо натпреварување во кое го носеше дресот на репрезентацијата, откако претходно дебитираше на квалификацискиот турнир.
Следното лето ја одбил поканата за настап на Европското првенство за да се подготви за следната сезона во НБА, а во 2019 година играл на Светското првенство во Кина, каде Србија го зазела петтото место.
Претходната година играше на Европското првенство каде што српската селекција шокантно беше поразена од Италија во осминафиналето.