Меѓународниот аеродром во Сараево забележа голем пораст на бројот на патници и воздушни операции во јануари 2024 година, што навестува уште поуспешна година за овој аеродром.
Според официјалните податоци, бројот на патници е зголемен за 50 отсто во однос на истиот период лани и достигна вкупно 116.283 патници. Во исто време, бројот на воздушни операции е зголемен за 30 проценти, со вкупно 1.175 летови.
A post shared by Sarajevo International Airport (@sarajevointernationalairport)
Овие резултати укажуваат на зголемен интерес за патување преку аеродромот во Сараево и ја потврдуваат неговата важност како клучен аеродром во регионот.
Од управата на аеродромот велат дека им се благодарни на сите патници за довербата и дека се оптимисти за остатокот од годината.