Еден од најдобрите тенисери во историјата, Новак Ѓоковиќ, најави дека ќе се обиде да игра и откако ќе наполни 40 години.
Овие зборови на Србинот ќе им угодат на милиони обожаватели ширум светот, а Новак Ѓоковиќ се спореди со својот пријател Том Брејди, кој на 46-годишна возраст ја заврши својата 23-годишна кариера во НФЛ, како идеален пример за спортист кој зема грижа за себе, своето здравје и своето тело.
„Том Брејди е одличен пример за шампион во својот спорт и некој кој имал одлична кариера и долговечност. Вложи многу часови и време во грижата за себе, во закрепнувањето за да се погрижи секој аспект од неговото тело и ум да биде покриен, за да може да има долгорочна успешна кариера“, изјави Новак Ѓоковиќ во Ријад.
Новак Ѓоковиќ изјави дека дефинитивно нема да размислува за пензија се додека игра на високо ниво.
„Научив многу од него, од неговиот пример и се надевам дека ќе успеам да остварам кариера која ќе достигне 40 години, а можеби и повеќе, ќе видиме. Сега се чувствувам одлично во моето тело и играм навистина квалитетен тенис. Оваа година беше една од најдобрите сезони што ги имав во мојот живот. Зошто да престанете кога сè уште играте одлично. Ќе продолжам да одам и ќе видам колку далеку можам да одам“, вели Новак Ѓоковиќ.
Во среда, на 27. декември, Новак Ѓоковиќ ќе одигра егзибициски натпревар во Ријад, по што ќе следи учество во Купот на Јунајтед, а потоа и Австралија Опен каде ќе се обиде да го освои својот 11. трофеј од овој Грен Слем турнир.
На тој турнир се очекува да видиме враќање на Рафаел Надал на тениските терени по подолга пауза, но во преден план покрај Србинот ќе биде Карлос Алкараз.