Потсекретарот на Министерството за одбрана на САД, Дерек Шоле, ги одложи планираните посети на Косово, Босна и Херцеговина и Србија, пишува KosovaPress, повикувајќи се на Беким Купина, советник на косовската претседателка Вјоса Османи.
„Нема откажување на посетата, но бевме информирани дека има одложување на датумите за целата балканска турнеја која ги опфаќа Косово, Босна и Херцеговина и Србија од објективни причини поврзани со еден од членовите на делегацијата“, објасни Беким Купина.
Косовските медиуми претходно овој месец објавија дека в, заедно со американскиот сенатор Крис Марфи и неколку членови на Комитетот за национална безбедност на американскиот Сенат, се очекува да го посетат Косово на 30. и 31. јули.