Одложена е утрешната средба на членовите на историската комисија со Бугарија

Седницата на историската комисија за преговори со Бугарија која беше закажана за утре нема да се одржи.

Информацијата ја потврдуваат од македонската страна од каде велат дека поради промената на составот, новиот претседател денеска ги известил бугарските колеги дека седницата која што беше закажана за утре и задутре во Скопје се одложува.

Првата средба на комисијата во нов состав, според информациите, се очекува во наредните една до две недели

Владата минатиот вторник на затворена седница го смени составот на комисијата назначувајќи го историчарот Ванчо Георгиев за нејзин претседател.

Тој и претходно беше член на комисијата, но си поднесе оставка обвинувајќи за притисоци од страна на тогашното Министерство за надворешни работи предводено од Бујар Османи.