Одлуки од денешната седница на Уставен суд

 Уставниот суд на денешната шеста седница не поведе постапка за членовите 5 и 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија и ја офрла иницијативата за членот 4. 

Според Судот не се основани наводите на подносителот на иницијативата и со оспорените одредби не се нарушува темелната вредност слобода на пазарот и претприемништвото. Со овој Закон, како што се наведува во соопштението од Судот, се гарантираат основните слободи и права на човекот и граѓанинот, односно со оспорените одредби е обезбедено правото на вработените во трговијата на големо и мало како и на државните празници и други празници кои се определени како неработни денови. Подносител на иницијативата е Стопанска комора на Северна Македонија

На денешната седница Судот не поведе постапка за членот 23 ставови 2, 3 и 4 од Законот за урбанистичко планирање. 

Судот оцени дека оспорените одредби создаваат законски правни претпоставки со кои се овозможува извршување на одлуките на Уставниот суд. Впрочем и членот 86 од Деловникот на Уставниот суд предвидува обврска за донесувачот на актот да ја изврши одлуката, а во оспорените одредби се овозможува тоа. Подносителка на иницијативата е Наташа Шурбановска.

На денешната седница беше отфрлена иницијативата за членот 29 став 2 во делот „во втор степен формирана од страна на министерот за економија, при што претседателот на комисијата задолжително ќе биде од редот на раководните државни службеници во инспекциската служба кој нема да биде вклучен во вршењето на инспекцискиот надзор” од Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати. Судот утврди дека оспорената одредба не е дел од правниот поредок.

Исто така беше отфлена иницијативата за членот 44 став 2 во делот: „најдоцна до 65 годишна возраст” од Законот за социјалната заштита. Судот веќе одлучуваше да го укине делот со возраста „до 65 години”.

На денешната седница, како што е наведено во соопштението, беше отфрлено барањето за заштита на слободи и права во кое се тврдеше дека се нанесени повреди во две пресуди на Основниот граѓански суд Скопје и Апелациониот суд и Решение на Врховниот суд, бидејќи не е надлежен да постапува по прашања од процедурален карактер во контекст на барањата.