ОДЛУЧУВАЧКИ НАТПРЕВАР НА “САН СИРО“ – Тренерот на Милан отворено проговори: “Натпреварот против Борусија Дортмунд е пресвртница во групната фаза на ЛШ“

Фудбалскиот тренер на МиланСтефано Пиоли, денес изјави дека за неговиот тим претстојниот натпревар против Борусија Дортмунд е пресвртница во групната фаза од Лигата на шампионите.

Тоа е многу, многу важен натпревар, без сомнение пресвртница во оваа групна фаза“, порача Стефано Пиоли на прес-конференцијата во Милано.

Фудбалерите на Милан во вторник од 21:00 часот на свој терен играат против Борусија Дортмунд, натпреварот од петтото коло од групата Ф во Лигата на шампионите.

Стефано Пиоли, кој го презеде тимот во 2019 година, не сакаше да зборува за неговата ситуација, но многумина во клубот сметаат дека претстојната недела е клучна за него, бидејќи тимот го очекуваат три натпревари за осум дена. Неговиот тим го заврши првиот со победа, против Фиорентина (1:0) во Серија А, со што ја прекина серијата од четири натпревари без победа.

По четири кола, Милан е трет во поредокот од групата Ф со пет бода. Првопласираната Борусија Дортмунд има седум, Пари Сен Жермен шест, а последнопласираниот Њукасл има четири бода.

Целта оваа сезона беше да бидеме конкурентни во лигата и Лигата на шампионите. Сега тоа е случај и сакаме да остане така“, вели Стефано Пиоли, кој го предводеше Милан до шампионската титула во Серија А во сезоната 2021/2022.

Милан во последното коло го победи Пари Сен Жермен со 2:1.

Тој натпревар мора да биде пример за нас, бидејќи и кога губевме, останавме обединети како тим, со многу волја и сила“, додаде тренерот на тимот од „Сан Сиро“.

Тој исто така вели дека ја очекува поддршката од навивачите.

Германците можеби имаат ‘жолт ѕид’ во Дортмунд, но не знаат што да очекуваат кога ќе дојдат на ‘Сан Сиро‘. Нашите навивачи ќе не поддржуваат од првата до последната минута“, изјави Стефано Пиоли.

Во вториот натпревар во таа група, Пари Сен Жермен во вторник навечер ќе го пречека Њукасл.

Борусија ДортмундЛига на шампиониМиланСтефано Пиолифудбал