ОДМОР КАКО ОД ХОРОР ФИЛМОВИТЕ – 20-годишна девојка запознала ‘фин’ Германец, се напиле, заминале во хотелот, а потоа следувал вистински ужас…

20-годишна туристка наводно била силувана од група мажи откако била намамена во хотелска соба во Мајорка во четвртокот. Додека била на одмор со пријателите, на плажата „Palmа“ сретнала 20-годишен германски државјанин. Се напиле и таа се согласила да оди со него во хотелот, а кога стигнале во собата, девојката ја пречекале пет млади Германци како пијат, пишува The Sun.

Жртвата се обидела да замине, но мажите ја спречиле. Таа тврди дека некои од нив ја силувале, а други гледале. 20-годишната девојка, која исто така е Германка, го пријавила настанот кај рецепционерот кој повикал полиција.

Полицијата веднаш излегла на местото и уапсила шест Германци за сексуален напад. Силуваната девојка била пренесена во болницата „Сон Лацер“, а агентите од Одделението за семејна и женска грижа покренале истрага.

На почетокот на неделава, британски турист беше уапсен на аеродромот во Мајорка, откако наводно силувал девојка во хотел на островот. Мажот бил запрен додека се обидувал да лета дома бидејќи неговата партнерка пријавила во шпанската полиција дека била принудена на секс во бањата во хотелската соба.

Минатата недела британска туристка беше силувана на популарна плажа во Алгарве, а во полиција пријавила дека нападот се случил на песок покрај шеталиштето на плажата Праја да Роча откако се разделила од друштвото.

Хотелот во кој се случило силувањето
девојкаМајоркасилувањеШпанија