Одреден притвор за Пеце Мирчески

На Пеце Мирчески му е изречена мерка притвор од 30 дена, откако судијата на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје постапи по предлог на Основното јавно обвинителство за поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Против Мирчески обвинителството покрена истрага за поткуп и злоупотреба на службената положба.

„Судијата во претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје, по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерки за безбедност против лице во врска со истрагата при Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, по исказот на осомничениот во присуство на неговиот бранител и јавниот обвинител, донесе решение:

Предлогот на Јавниот обвинител е прифатен и на осомничениот П.М изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена поради постоење на причините од член 165 став 1 точка 1 и 2, соодветно ризикот од бегство и можноста за попречување на истрагата со влијание врз сведоци.

Прифатен е и предлогот за определување мерка за безбедност по чл. 146 век. т1,2,3 и 6, односно одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, забрана за напуштање на местото на живеење или престој, обврска за јавување во суд, забрана за комуникација со други лица поврзани со кривичното дело.

На овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет, се наведува во соопштението.