Граѓаните повредени во земјотресите на југот на Туркије и понатаму се пренесуваат во Истанбул со авиони на Вооружените сили на Туркије и брзата помош на Министерството за здравство.
Од болниците во Истанбул досега се отпуштени 4.787 лица кои се донесени од подрачјата погодени со земјотрес во Туркије. Во Истанбул се донесени 6.125 лица, а на лекување се уште 1.338.
Граѓаните повредени во земјотресите на југот на Туркије и понатаму се донесуваат во Истанбул со авиони на Вооружените сили на Туркије и брзата помош на Министерството за здравство.
Повредените од аеродромот се превезуваат со возила на брзата помош во државни, приватни и универзитетските болници во градот.
Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер на 6 февруари ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во Кахриманмараш, а бројни спасувачки екипи и понатаму посветено работат на акциите на пребарување и спасување луѓе заробени во урнатините на зградите.
Според најновите информации, во земјотресите во Туркије загинаа 31.974 лица, а повеќе од 80.000 се повредени.
Земјотресите исто така погодија и неколку други држави и предизвикаа големи разорувања на северот на Сирија каде бројот на загинатите надмина 3.600.
TRT Balkan