Водата е неопходна за вашето здравје, но луѓето многу често ја менуваат за други видови пијалоци, кои не се секогаш најздравата опција. Затоа, еден од моментално најпопуларните начини да ја направите водата поинтересен пијалок е да додадете краставици.
Не само што вашата вода има подобар вкус на овој начин, туку додавањето краставици може да има и некои други придобивки за вашето тело.
Дополнително ве хидрира
Докторката Кариса Галовеј наведува дека тоа е одличен начин да се хидрирате, но и ќе ви даде дополнителна енергија и ќе го подобри варењето и кожата. Покрај тоа, ќе избегнете дехидрација, која вклучува низа симптоми како што се главоболки, поспаност и низок крвен притисок.
Содржи хранливи материи
Доколку сакате подобар ефект, краставицата можете да ја јадете откако ќе испиете чаша вода, бидејќи на тој начин ќе внесете повеќе хранливи материи. Тие вклучуваат влакна, калциум, железо, магнезиум, фосфор, цинк и витамин К.
Содржи антиоксиданси
Антиоксидансите го штитат вашето тело од слободните радикали, молекули кои предизвикуваат оксидативен стрес на клетките, потенцијално предизвикувајќи воспаление или играјќи улога во рак, срцеви заболувања и други болести. Затоа, ако ја зголемиме количината на антиоксиданси во нашата секојдневна исхрана, телото има способност да одложи или спречи некои здравствени состојби.
Краставиците имаат голем број на антиоксиданси, вклучувајќи неколку флавоноиди, група растителни хемикалии кои се наоѓаат во многу овошје и зеленчук, вели Галовеј. Антиоксидансите на краставицата вклучуваат: витамин Ц, бета каротен и манган.
Губење на тежина
Водата со краставица може да биде корисна за слабеење ако ја пиете наместо слатки пијалоци. Краставицата има само околу 14 калории на 100 грама. На пример, ако секој ден замените пијалок од 200 калории со вода од краставици без калории, ќе намалите 73.000 калории за една година.