ОД КИНА ДОАЃААТ СЕРИОЗНИ ВЕСТИ: Птичјиот грип полека се шири на западот од земјата

Кинеските власти денеска соопштија дека е потврдено присуство на вирусот на птичји грип меѓу популацијата на диви птици на западот на земјата.

Две окрузи во провинцијата Кингхаи потврдија 275 случаи на инфекција со грипот H5 кај мртви галеби и други диви птици, објави кинеското Министерство за земјоделство и рурални работи на својата веб-страница, пренесе Ројтерс. 

Во исто време, во САД постои зголемена загриженост за ширење на заразна болест кај добитокот.

Надлежниот американски оддел објави дека добил извештај за случаи на зарази во Кина, а Центарот за контрола на болести на животните и Националната референтна лабораторија потврдија дека се работи за птичји грип и дека е забележана епидемија на вирусот Х5Н1 кај млечните говеда пријавени од крајот на март во најмалку девет американски држави.

Официјални лица во САД се обидуваат да утврдат дали постои ризик од ширење на овој вирус меѓу луѓето, иако досега нема пријавени случаи на заболување кај луѓето.

На 11 мај, САД објавија дека ќе потрошат близу 200 милиони долари за борба против епидемијата.