Легендарниот актер Ентони Хопкинс доживеа уште една трагедија, бидејќи неговиот дом во населбата Пацифик Палисадес во Калифорнија беше уништен од страшен пожар кој неодамна ја зафати областа.
На фотографиите кои се појавија само оградата остана недопрена, додека остатокот од неговиот имот е целосно уништен.
Ова не е првпат Хопкинс да изгуби дом. Во 2018 година, тој за малку ќе го загубеше својот дом во Малибу во голем пожар во Лос Анџелес. Иако неговата куќа претрпе минимална штета, пожарот го уништи домот на неговиот сосед. После тоа, актерот решил да го продаде својот имот во Малибу и се преселил во Пацифик Палисадес, каде што сега го изгубил својот дом.
Запален дом во Лондон
Сепак, трагедиите што го следеа неговиот живот не застанаа тука . Во 2000 година, Хопкинс го загуби својот дом во Лондон кога неговата куќа изгоре.
За среќа, соседот го забележал чадот и повикал противпожарна служба, која успеала да му ги спаси Оскарите и другите награди. Медиумите тогаш објавија дека пожарникарите не знаеле дека тоа е домот на актерот додека не влегле внатре.
Актерот пред четири години купил замок во Пацифик Палисадес, планирајќи таму да ја помине староста. Вилата содржела четири спални соби и пет бањи.