Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, од полноќ се намалуваат за еден, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство за за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 80,50, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 76,00, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) по 75,00 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува
За 0,431 денари поевтинува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 42,086 денари.