Границите се најчесто политички ограничувања за тоа до каде се простира некоја држава.
Многу често постојат природни граници меѓу државите (како езера и планини) но не се ретки случаите каде границата помеѓу две држави се наоѓа на помалку очекувани места.
Еден од таквите примери е границата меѓу Шведска и Данска и познатиот Ересундски мост, каде границата меѓу двете држави е на самиот мост. Овој мост беше мотив и за успешната скандинавска серија „Мостот“.
Границата меѓу САД и Мексико во голем дел е оградена со ѕид за да се спречи наплив на мигранти, но постојат и предели каде што границата едноставно е мрежа на одбојкарско игралиште. Таков е случајот со градот Нако во Аризона и истоимениот град Нако во сојузната мексиканска држава Сонора.
Викторините водопади се едно од најубавите и најпознати во светот, но малку е познато дека меѓу нив минува границата помеѓу африканските држави Замбија и Зимбавбе.
Освен границите, некаде се интересни и тромеѓата меѓу државите, каде границите на три соседни држави се спојуваат во една точка и на тоа место има зони за рекреација.
Таков е случајот на тромеѓата меѓу Словачка, Австрија и Унгарија, како и Полска, Словачка и Украина.