За 1,5 денар поскапуваат малопродажните цени на бензините Евросупер БС-95 и Евросупер БС-98, а на Евродизелот (Д-Е V) цената останува иста.
Цената на мазутот М-1 НС исто така се зголемува 0,6 денари и ќе чини 42,4 денара, а зголемување од 1,5 денар има и кај екстра-лесното 1 (ЕЛ-1), кое ќе чини 71,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Евросупер БС-95 и Еросупер БС-98 ќе се продаваат за 81,5 денар, односно за 83,5 денари за литар.