Приватните превозници донесле одлука од понеделник да не се обраќаат односно согласно нивната одлука ќе пуштат само по еден автобус на секоја линија рано изутрината по што ќе ги паркираат своите автобуси.
Оваа одлука на приватните превозници ќе се носи на дневна основа односно одлуката е само за во понеделник, а за деновите понатаму ќе се одлучува ден за ден.
Причината за тоа е долгот кој Град Скопје го има кон приватните превозници, а кој изнесува 2 милиони евра и неисполнетото ветување за зголемување на тарифникот за приватните превозници.