Од почетокот на годината забележани се повеќе од 10.000 мигранти како го преминуваат Ла Манш со мали чамци, се наведува во извештајот на британскиот Хоум Офис (Home Office), објавуваат тамошните медиуми.
Седум чамци со 374 луѓе само вчера пристигнале до британските брегови, со што бројот се искачи на 10.139 мигранти. Но, сепак бројка е помала во споредба со истиот период минатата година. Рекордни 45.000 премини на мигранти се регистрирани за целата 2022 година.
Борбата против илегалната имиграција е еден од приоритетите на британската конзервативна Влада, која минатата година владата донесе закон, кој судовите досега го блокираа, за испраќање на барателите на азил во Руанда. И новиот предлог-закон, критикуван во ОН, предвидува спречување на мигрантите кои пристигнуваат преку Ла Манш да бараат азил.
Лондон, исто така, потпиша неколку договори со други земји, како Франција или Албанија, за подобра борба против илегалната миграција.