Од први јануари, регистраските таблички на возилата мора да бидат со ознака „НМК“. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека краен рок за замена на регистарските таблички со нови или на истите да залепи налепница НМК, е 31 декември годинава.
„Тоа значи дека регистарските таблички со четири броја кои ја содржат ознаката МК и регистарски таблици со три бројки кои не ја содржат ознаката МК треба да бидат променети со нови регистарски таблици кои ја содржат националната ознака ‘НМК‘ или на истите да се стави налепница“, велат од МВР.
Налепници „НМК“ може да се обезбедат во сите станици за технички преглед.
До февруари годинава, имаше законска обврска да се сменат сите лични документи на кои наместо името Република Македонија, треба да стои новото уставно име Република Северна Македонија, кое произлегува од Преспанскиот договор со Грција.
Во февруари годинава, МВР го продолжи рокот за замена на налепниците на регистрарските таблички, како и на возачките дозволи со Северна Македонија откако Владата предложи измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои беа усвоени во Собранието.