Светската трговска организација објави дека тарифите што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп ќе доведат до целосен пресврт во меѓународната трговија и ќе имаат особено негативно влијание врз Северна Америка.
Во новиот извештај за проценките на глобалните трговски трендови, СТО нагласи дека очекуваат зголемување на трговијата со стоки за 2,7 отсто во текот на 2025 година. Сепак, поради одлуките на Трамп, сега се предвидува пад од 0,2 отсто.
„Посебно сме загрижени поради одвојувањето на САД и Кина. Тоа е феномен што навистина не загрижува“, рече генералниот директор на СТО, Нгози Оконџо-Ивеала.
Таа, исто така, изјави дека трговијата меѓу двата геополитички ривали ќе падне меѓу 81 и 81 отсто, без исклучоци за технолошките производи, како што се паметните телефони.
„Изгледите за глобалната трговија нагло се влошија поради зголемените царини и неизвесноста во трговската политика. Претходно предвидуваше раст на глобалниот БДП од 2,8 отсто за 2025 година, но сега се очекува послаби 2,2 отсто“, велат тие.
Светската трговска организација предвидува одредено трговско пренасочување бидејќи Пекинг бара нови пазари за своите стоки надвор од САД. Кинескиот извоз во регионите надвор од Северна Америка се очекува да порасне помеѓу четири и девет проценти во 2025 година.
„Падот на трговијата ќе биде особено голем во Северна Америка дури и без најстрогите царини, објави во средата глобалниот трговски форум, при што се очекува пад на извозот таму за 12,6 отсто, а увозот за 9,6 отсто оваа година“, се вели во извештајот на организацијата.