Од МЗШВ потенцираат дека за непочитување на оваа комплетна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, физичките лица кои ќе бидат забележани како се движат во шума, во согласност со член 106 од Законот за шумите, ќе добијат казна од 1.500 до 2.000 евра во денарска вредност.
Од утре, 1 јули, стапува на сила забрана за движење во шумите, која ќе важи до крајот на август.
Од МЗШВ потенцираат дека за непочитување на оваа комплетна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, физичките лица кои ќе бидат забележани како се движат во шума, во согласност со член 106 од Законот за шумите, ќе добијат казна од 1.500 до 2.000 евра во денарска вредност.
Целосната забрана за движење во шумите започнува на 01.07.2025 година и ќе трае до 31.08.2025 година.
Движењето во шумите ќе биде дозволено само со писмено одобрение издадено од страна на филијалите на ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови, во зависност од областа со која управуваат.