Германската манекенка Хајди Клум веќе извесно време престојува во Италија со својот избраник Том Каулиц, а сега на своите многубројни обожаватели им испрати прекрасна разгледница.
Како што веќе знаеме, Хајди никогаш не ги заборава своите обожаватели – дури и кога е на летен одмор. Така таа неодамна сподели атрактивна фотографија во бикини од која многу луѓе се замајуваат.
Хајди и на 50 години изгледа совршено, а ретко кој би можел да ја оспори оваа убавина и нејзиниот природен изглед. Што друго да се каже, освен дека сите би сакале да изгледаме како германски модел во шестата деценија.