Митко Јанчев градоначалникот на Кавадарци, на социјалните мрежи соопшти дека подготовките за пуштање во употреба на новиот ски – центар Михајлово се во завршна фаза и официјалното отворање ќе биде на 1 јануари.
„Македонија добива нов скијачки центар ,,Михајлово”!
Со огромно задоволство ве покануваме на 1 јануари од 11.00 часот на првиот ден од новата година во срцето на Кожув планина, да бидете дел од официјалното отворање на Скијачки Центар ,,Михајлово” и првата скијачка патека која ќе го носи името Македонија
Снежната покривка е совршена, а планината подготвена да ве пречека.
Нова година, нов успешен почеток!
Ве очекуваме заедно да ја доживееме магијата на зимата…“, напиша Јанчев.