Ози Озборн непосредно пред смртта го промени тестаментот: Еве што ќе добива неговата сопруга до крајот на животот

Легендарниот музичар Ози Озборн, познат како „Принцот на темнината“, пред смртта ја покажа својата нежна страна преку гест кој изненади и стопи многумина.

Пред да почине на 22 јули,  Ози Озборн  го променил својот тестамент и наредил неговата сопруга Шерон, со која бил во брак 38 години, да добива дванаесет свежи рози секоја недела до крајот на својот живот.

Овој гест беше дискретен и приватен по природа, без медиуми, без помпа, како симбол на трајна љубов и благодарност кон Шерон, која беше со него низ сите подеми и падови од неговата кариера и живот.

Ози и Шерон поминаа низ многу предизвици заедно, вклучувајќи турбуленции во музичката кариера, здравствени проблеми, скандали и јавни контроверзии , но нивната врска остана силна сè до неговата смрт.

Ози и Шерон имаат три деца: Ејми Озборн, Кели Озборн и Џек Озборн. 

Овој чин покажува дека „Кралот на темнината“, кој со децении беше познат по контроверзиите и дивите настапи, имал нежна, посветена и емотивна страна во својот приватен живот.