Властите на Крит предупредуваат на зголемено присуство на отровни риби кои можат да предизвикаат дури и ампутации на делови од човечкото тело.
Рибарите изразуваат голема загриженост и за зголемувањето на популацијата на сребрена надувувалка во водите на Додеканез и на Крит и велат дека се загрозени риболовот и туризмот. Пуферот, кој првпат беше забележан пред 20 години, се заканува да го оневозможи риболовот тотално, а рибарите ја повикуваат државата и регионот на Крит да ги информираат туристите да бидат внимателни и во исто време да ја финансираат „немилосрдната борба“ бидејќи штетата на морската средина е веќе огромна!
Јанис Андрулакис, претседателот на префектурата Ираклион, наведува дека се регистрирани голем број несреќи предизвикани од сребрената надувувалка , која потекнува од Индискиот Океан.
„Веќе им кажавме на властите од регионот на Крит да ги информираат туристите за нив бидејќи се агресивни. Тие можат да се појават на 20 места низ Крит и да дојдат до глуждот на капачите. Се сеќавате ли на случајот со детето во Сити кој беше каснат пред година и пол?Детето мораше да се оперира.Имавме уште еден случај на Калимнос…Досега имало осум несреки.Ова се само случаите за кои се слушна, верувам дека таму се многу повеќе, но демек ги кријат за да нема штета на туризмот“, тврди Андракулис.
Директорот за истражување во националната лабораторија, Горгос Церпес, исто така потврдува дека имало напади со сребрената надувувалка врз капачите.
“Некои напади завршуваа со ампутација. На пример, сребрен гумен чамец му откина парче прст на маж додека пливаше. Сме имале и такви ситуации. Човек може да види нешто како свети и се движи. Затоа е добро да се внимава додека плива“, вели тој.
Сребрената надувувалка стигна до Медитеранот преку Суецкиот канал.