Русија секој ден се соочува со ужасните последици од лудата одлука да ги испрати озлогласените криминалци од затвор на бојното поле во замена за нивната слобода доколку преживеат. Веќе со месеци од Русија пристигнуваат вести за бројни убиства и силувања од поранешни затвореници кои се бореле на страната на Вагнер во Украина.
Последниот случај доаѓа од градот Новосибирск.
Педофилот кој во руските медиуми беше именуван само како Сергеј, директно од бојното поле отишол во училиште каде силувал две девојчиња. Едното имало десет години, а другото 12. Пред нападот викал:
–Покоретеми се или ќе фрлам граната!
Педофил ги киднапирал, ги однел во блиската гаража и таму сексуално ги нападнал. Девончињата веднаш им кажале на родителите што се случило, а тие случајот го пријавиле во полиција.
Сергеј веднаш бил уапсен и признал што направил. Судот му одреди двомесечен притвор, а доколку биде осуден му се заканува затворска казна од 15 до 20 години.