Глен Роџерс, познат како „Убиецот на Казанова“, е погубен со смртоносна инјекција во Флорида.
Роџерс, 62, беше погубен синоќа со смртоносна инјекција во државниот затвор на Флорида во близина на Старк, Флорида, по речиси три децении чекање на смртна казна.
Неколку моменти пред неговата егзекуција, Роџерс изговори шест зборови упатени до американскиот претседател Доналд Трамп.
„Претседателе Трамп, продолжете да ја правите Америка голема.“ Потоа додаде: „Подготвен сум да одам“, пишува nbcnews .
Роџерс беше осуден на смрт за убиството на Тина Мари Крибс, 34-годишна мајка на две деца чие тело беше пронајдено во соба во мотел во Тампа во 1995 година. Кратко по злосторството, тој беше уапсен во Кентаки додека го возел автомобилот што ѝ припаѓал на жртвата.
Кратко по апсењето, тој тврдел во полицијата дека убил 70 жени, иако бил законски осуден само за две убиства – покрај убиството на Крибс, исто така за убиството на Сандра Галагер во Калифорнија, исто така во 1995 година.
Според обвинителството, Галагер – мајка на три деца – била задавена од Роџерс откако се запознале во бар во Ван Најс. Тој се сретнал со двете жртви за време на ноќни излегувања.
Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, го потпиша налогот за извршување минатиот месец, откако беа одбиени три жалби против одлуката.
Со текот на годините, Роџерс тврдеше дека бил вмешан во други злосторства, вклучувајќи ги и убиствата на Никол Браун Симпсон и Рон Голдман во 1994 година, но полицијата во Лос Анџелес ги отфрли овие тврдења како неосновани.
Неговата криминална историја беше и тема на телевизиски филм, каде што актерката Мена Сувари ја играше улогата на Никол Браун Симпсон.
Роџерс беше официјално прогласен за мртов во 18:16 часот. локално време.