Околу 100 припадници на армијата се вклучени во гаснењето на пожарите во Македонија

Рамо до рамо со колегите од вториот пешадиски баталјон, војниците од оваа единица храбро и несебично се вклучија во локализирањето на пожарите од самиот почеток.

Според последните информации од Одбраната, на терен се околу 100 припадници на Армијата, а активирани се двата хеликоптери на авијацијата „ВИНГ“, која минатиот викенд интервенираше со 22 кофи и исфрли 44 тони вода во локации каде што е побарано.

Инаку, утринава во 7 часот и 30 минути пожарот бил локализиран на планината Лисец, помеѓу селата Дренова и Јаболчишти и Поштем.