Околу 20 лица се повредени во судирот на двата возови во Србија

Околу 20 лица се повредени вечерва во судир на патнички и товарен воз недалеку од Оџак, соопшти МВР-Србија.

По судирот патничкиот воз излетал од шините.

Повредените се транспортираат во Здравствениот дом Оџаци и болницата во Сомбор.

На местото на настанот излегле неколку екипи на итната помош.

Од полициската управа во Сомбор потврдуваат дека се судриле два воза.

Сите повредени се згрижени. Како што е познато, екипите на итната помош во моментов вршат тријажа.