Една од највисоките нови згради во главниот град на Казахстан ќе биде необичен облакодер, чиј дизајн е инспириран од изгледот на државното знаме
Масивната дупка ќе се најде во средината на облакодерот висок 120 метри, кој ќе се протега на реката Ишим и ќе служи како мост и зграда за мешана употреба на едно место.
Овој облакодер наречен Кула на сонцето, се наоѓа во срцето на главниот град и ќе има станови, деловни простории, канцеларии и хотел, пренесува Телеграфи.
Просторот од 57.000 квадратни метри ќе вклучува и пешачки и велосипедски мост на најниското ниво на облакодерот.
Трговскиот центар ќе се наоѓа горе, додека два влеза од двете страни на основата на кружниот отвор ќе служат како главни влезни точки за станбените или мешаните крила на зградата.
Терасата на покривот со платформата за набљудување ќе биде достапна и за сите оние кои сакаат да ја видат Астана од друг агол.
Самата зграда го претставува синиот дел од знамето, имено небото, додека кружната празнина во нејзиниот центар го претставува Сонцето.
Зградата се наоѓа на местото помеѓу автопатот и Претседателската палата, но додека се возат автомобилите не се крие погледот на палатата. Тоа може да се види од отворањето на зградата, која го претставува Сонцето – важен симбол во културата и традицијата на Казахстан.
Објектот ќе ја користи предноста на местоположбата на водата, па затоа за снабдување користи електрична енергија произведена од реката. Но, тоа не значи изградба на типична хидроцентрала, туку со стеснувањето на протокот на реката ќе се зголеми циркулацијата, а со тоа и нејзината јачина.