– Универзитетот Оксфорд објави дека од 7 април на академските работници кои имаат каква било одговорност со луѓе кои сѐ уште се студенти, ќе им биде забрането да стапуваат во интимни односи со тие лица.
Во соопштението објавено во „Тајмс“ се вели дека наставниците и професорите „ќе бидат строго обесхрабрени“ да влегуваат во каков било близок личен однос со студентите што ги надминува границите на професионалното однесување. Ова се однесува и на студентите кои имаат каква било емоционална, практична или финансиска придобивка или зависност од академски работник.
Професорот или професорката кои нема да го почитуваат ова правило, ќе биде предмет на дисциплински процедури на Универзитетот.